Пензионерка од Штип почина од лишманиоза

65-годишна пензионерка од Штип почина од лишманиоза, а три лица се заболени потврдуваат епидемилозите од Центарот за јавно здравје. Забележуваат дека состојбата со оваа болеста е загриживачка и тоа во 21 век.

Тропското заболување не се лечи со антиботици. Србиновска забележува дека резервоар на ова заболување се кучињата.

Кучињата скитници се еден од поголемите проблеми на локалните власти.Постои иницијатива од градоначалниците во источна Македонија  за отварање на регионален стационар за кучиња скитници, засега само Штип има зградено ваков стационар, но сеуште се чека на дозволите и одобренијата од државните институции.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ