
Пензионерите само со пензија уште седум години куртулија од регистрација
Дилемата конечно е расчистена, пензионерите што земаат само пезија куртулија – нема да мора преку комјутер да се регистрираат и да одат на шалтерите на УЈП. Тие уште седум години ќе бидат ослободени од оваа обврска, соопштија даночните власти.
Со новиот Закон за личен доход се предвидува во наредните седум години да се одложи обврската за доставување годишна дночна пријава од страна на УЈП до граѓаните кои оствариле доход само од пензија исплатена од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Тоа значи дека во даночните периоди од 2018 до 2024 година пензионерите кои не оствариле друг приход освен пензија се ослободени од било каква обвска кон Управата за јавни приходи со годишната даночна пријава, односно немаат никаква обврска за регистрација во сиситемот ‘потврдување или корегирање, вели Сања Лукаревска, директорка на УЈП.
Ова следува откако пензионерите се жалеа дека обврската за нив ќе биде голема тешкотија, а голем дел не знаат да користат комјутер. Оние што освен пензијата, имаат и други приливи, на пример од кирија, средства за туѓа нега и слично, не можат да бидат поштедени.
Од вкупно 320 илјади пензионери во земјава, 45 илајади, покрај пензијата, имаат и други приходи и тие ќе мора да се регистрираат. Другите 275 илјади нема да мора да се регистрираат и да одат на шалтерите на УЈП.
За болните и изнемоштените, од УЈП велат – поставуваат даночни шалтери по општините, дури и во најистурените места, а мобилни екипи ги посетуваат нивните домови за да им помогнат.
Постојат и телефонски јавувања, дел од нив се директно посетени, дел ќе бидат посетени во наредниот период. Од ден на ден го зголемуваме бројот на мобилни екипи бидејќи гледаме дека постои голема масовност во регистрирањето, вели Лукаревска.
Досега за е-персонален данок се регистрирани 300 илјади, на околу еден месец до крајот на законскиот рок, тоа мора да го сторат уште двојно, 600 илјади граѓани. Дали ќе се постигне, Лукаревска е оптимист, ги ангажираме, вели, сите човечки капацитети, од наредните денови очекуваат засилено темпо. Во Скопје се достапни сите шалтери во Регионалната дирекција, работат и после 16.30 часот, и во сабота, има канцеларии и во други општини. Тимови на УЈП вршат регистрација и во државните институции, и во фирмите со поголем број вработени.
Оние кои го загубиле ливчето што треба да го однесат во УЈП ќе мораат да одат на шалтерите и таму да им се испечати пријавата.
Граѓаните само оваа година ќе мора лично да одат во УЈП, велат, тоа се прави заради заштита на нивните податоци и да бидат сигурни дека даноците точно ќе им бидат пресметани.
Нина Нинеска-Фиданоска