
Пензионерите не ги почитуваат мерките- гужви пред банките за да се подигне пензија
И покрај апелите на банките пензионерите да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од Ковид 19, како најризична категорија, и денеска пред екпозитурите имаше турканици од пензионери, кои чекаа во редици пред вратите за да си ги подигнат мартовските пензии. Без маски и ракавици, еден до друг, без држење дозволено растојание меѓу нив, беше глетката пред експозитурите од рано утринава. Гужвата се расчисти околу 11 часот од кога почнува забраната за движење за граѓаните на возраст над 67 години. Од банките кои ги контактиравме велат дека пензиите се пушптени пред неколку денови, а иако имаат обележано растојание пред експозитурите пензионерите ги кршат правилата, а тие во банките не им дозволуваат да влезат повеќе лица од колку што имаат отворени шалтери. Апелираат уште еднаш до највозарасната категорија на граѓани да ги почитуваат мерките, со цел заштита на нивното здравје.