Пензионерите лути на обврската да се регистрираат во УЈП

Многу револт, нервоза и дилеми отвори новата обврска на УЈП, за електронско пријавување на приходите за персонален данокза да се изготви годишна даночна пријава.Новите правила на УЈП предвидуваат тоа да  го сторат сите граѓани кои оствариле било каков приход, вклучувајки ги и пензионерите и инвалидите, болните и изнемоштени лица.Голем дел од нив  досега не пополнувале даночна пријава ниту пак знаат и можат тоа да го сторат по електронски пат. Нејасно им е зошто УЈП не ги користи податоците кои веќе ги има за нив туку ги седнува пред компјутер кој го немаат или ги обрзува да имаат полномошник заверен ан нотар за што ќе треба на нотар да платат од 150 до 450 денари.

Но дел од пензионерите кои и досега ја пополнувале годишната даночна пријава велат дека со регистрацијата нема да чекаат пред шалтерите

Даночниците се децидни дека никој нема да биде изземен од новата обврска но пензионерите не треба да стравуваат,смируваат тие бидејки мобилните шалтери ќе одат до најодалечените места, ќе одат кај луѓето кои живеат сами, ако се стари или неподвижни. УЈП уверува дека целта не е да казнуваат но остануваат на законската одредба според која следува казна за секој што нема да се регистрира.

  • Да збориме за убави работи а не за казни. Наша интенција не е ако некој не е регистриран да го казнуваме.целта е граѓанинот да дојде тука или ние ќе одиме со нашите мобилни екипи, за да не дозволиме никој да биде изземен и да остане нерегистриран, рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска

Новиот систем на УЈП значи до крајот ан годинава сите граѓани да се регистрааат на електронскиот систем за да може да им се изготви пред даночна пријава која тие ќе ја потврдат или коригираат.Во системот ќе влезат сите без разлика дали имаат само пензија и плата или имаат приходи од издавање под закуп, договори на дело, извршени работи во странство, и добивки од игри на среќа. Регистрацијата ќе се прави само еднаш, а не како досега секоја година граѓаните сами да ги поднесуваат пријавите.

Виолета Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ