
Пензионер од Скопје посредник за превземање на 1ТВ со мистериозен инвеститор од Холандија
Пензионерот Богдан Дамјановски е заинтересиран за 1 тв. Има 77 години и живее во населбата Кисела Вода. Телма контактираше со него за да го праша зошто еден пензиниран градежник сака да влезе во медиумскиот бизнис. Не беше расположен да се снима, но вели дека тој е само посредник не и иден сопственик. Газда на телевизијата поврзана со Боки 13 сакал да биде извесен србин кој долго време живеел во Холандија.
- Името не можам да ви го откријам додека не се официјализира. Подготвен е да вложи во телевизијата околу 2 милиони евра. И тој е пензионер кој долго време работел во Холандија и сега сака да се врати на овие простори, а заработените пари ќе ги инвестира во 1 ТВ за тоа што за кусо време постигна голем степен на гледаност, вели Богдан Дамјановски – пензионер посредник за 1ТВ.
Но според договорот до кој дојде телма пензионерот ја превзема БМЈ груп која пак е сопственик на 1 тв. Во договорот за превземање не фигурира името на србинот туку на Богдан Дамјаноски. Во него таткото на Боки 13, Миле Јовановски и Јасна Ерцеговиќ го подаруваат својот удел во БМЈ медиа груп на пензионерот Дамјановски. Но ова е интерен договор склучен само на нотар, но не е пуштен во централниот регистар. Таму се уште се сопственици јовановски и Ерцеговиќ. Во меѓувреме и АВМУ се заинтересира за случајот. Директорот Зоран Трајчевски вели дека не смее да се впише нов сопственик без дозвола од АВМУ. Тој уште пред 10 дена побарал од МВР да утврди кој пушта програма на 1 ТВ и размислува за одземање на дозволата на телевизијата. За Телма пак пензионерот потврди дека тој бил само финансиски консултант за профит и тој побарал да се пушти програмата откако се пријавил заинтересираниот инвеститор. Сега стравува дека мистериозниот бизнисмен ќе се откаже после негативната кампања која се води преку медиумите.
- Во моментов имаме потпишано само интерен договор за превземање. За ова беа запознаени и Бојан Јовановски и неговиот татко Миле уште од поодамна. Овој човек доаѓа во понеделник и ќе се увери во нашите анализи, а не во она што го тврди УЈП. Ако продолжи оваа негативна кампања ќе се разубеди, вели Богдан Дамјановски – пензионер посредник за 1ТВ.
Инаку вчера УЈП излезе со информација дека има заинтересиран човек да стане газда на 1 ТВ која пак е даночен должник. Според пензионерот пак на инвеститорот не му пречела аферата поврзана со Бојан Јовановски и Рекет. Ги негира тврдењата на ујп за 1 тв дека е должник на државата. Од 14 септември во телевизијата влегле проценители кои според Дамјановски утврдиле дака има опрема вредна 158 илјади евра. негира дека целата тв опрема била на томато а 1тв ја изнајмувала за 800 евра како што тоа го тврдеше вчера УЈП. Според Дамјановски 1 ТВ имала само две неисплатени плати за 7 и 8 месец за 46 темина вработени.Тој веќе има вакво искуство со продажбата на фас 11 октомви во 2003 тата кога посредувал за извесни инвеститори од саудиска арабија. Тврди дека тогаш политиката му ги избркала клиентите.
Билјана Николовска