Пензиите ќе растат, за колку уште се пресметува

Над 320.000 пензионери во земјава наредната година ќе добијат повисоки пензии. За колку – никој не открива. Во моментов на големо се прават калкулациите. Тие треба да влезат во Буџетот за 2020 година кој пак треба да биде готов до крајот на месецов.

Премиерот Заев најави дека се менува и методологијата која очекува да биде готова до крајот на годинава. Од министерството за труд велат ќе има раст на пензиите, но по кој основ детали не откриваат.

  • Врз основа на законската регулатива во тек се консултации на повеќе нивоа за покачување на пензиите. Веднаш штом се финализира со консултациите ќе ја информираме јавноста.“- велат од Министерството за труд.

Според Заев Буџетот е стабилен и тој генерирал годишно 2-3 милијарди резервоар на пари кои  припаѓале на пенизонерите. Вели намерата е покачувањето на пензиите да биде правично. Очекува и економијата да расте над 4 проценти.

За експертите пак токму растот на економијата над 4 проценти може да биде алиби за најавеното зголемување. Апелираат дека за стабилизирање на дупката во фондот за ПИОМ не треба брзи и чести промени во политиките.

  • Меѓутоа беше дадена и една можност доколку БДП порасне има реален пораст повеќе од 4 проценти тогаш покрај редовното усогласување може да биде одобрено и дополнително усогласување. Ова најавување фактички за зголемување на пензиите го разбирам во таа насока  – вели  Јадранка Мршиќ, универзитетски професор.

Токму пак пензионерите најмногу реагираа на променетата методологијата со која добиваа симболично покачување. Со новата форума во пресметката за  пензиите сега влегуваат само трошоците на живот, а не и порастот на просечната плата како претходно. Пензиската реформа на министерката Царовска беше замена за препораките на меѓународните институции кои бараа замрзнување на пензиите и зголемување на старосната граница за пензионирање. Целата, според Царовска беше да се стабилизира дупката во ПИОМ која за 10 години пораснала 150 проценти и достигна над 300 милиони евра, пари кои ги обезбедуваше Буџетот за да се исплатат пензиите.

Александра Филиповска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ