Пенс му понудил помош на Заев за имплементација на договорот за името

Американскиот потпретседател Mајк Пенс синоќа во телефонски разговор со македонскиот премиер Зоран Заев му го честитал историскиот договор со Грција за решавање на долгогодишниот спор за името и понудил американска поддршка за Договорот и за негова успешна импелементација , соопшти синоќа Белата куќа. Пенс притоа ја поздравил позитивната одлука на Европскиот совет за отворање на патот за земјава кон преговори за пристапување во Унијата во јуни 2019 година и ја потврдил поддршката на САД за членство на Македонија во НАТО и ЕУ. Тој истовремено ја

Од кабинетот на Заев за телефонскиот разговор информираат оти Пенс истакнал дека договорот покажува јасен сигнал дека Македонија се доближува кон развиениот западен свет, што ќе биде јасно верификувано на Самитот на НАТО во Брисел идната недела. Поканата за влез во НАТО, му рекол Пенс во телефонскиот разговор со Заев, е јасен сигнал дека позитивниот резултат од референдумот ќе значи конечно полноправно членство на Македонија во Алијансата. Пенс, притоа порачал дека САД изразуваат интерес да бидат вклучени и да ги поддржат прогресивните процеси кои следуваат во наредниот период во Македонија, особено за спроведување на реформите, како и за целосна имплементација на договорот со Грција.

Пенс освен на Заев теледонски разговарал и со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, при што му ја истакнал важноста што ја има овој договор за стабилноста и заедничкиот развиј на Балканот.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска од армискиот полигон Криволак пак изјави дека желбата на Македонија е да стане член од најмоќната воено-политичка Алијанса во светот. Притоа рече Шекероинска, со членството во НАТО ќе се зголеми потенцијалот на Криволак, полигон кој Македонија како капацитетите може да го понуди и на НАТО и на партнерите .

„Нашето членство во НАТО ќе стави поголем акцент и на оваа можност. Ова ќе ни ја даде шансата да ја претставиме Македонија како земја која не бара, туку и земја која што има што да понуди. И уште оваа година, ќе имате прилика и во текот на јули месец да видите дека еден дел од специјалните сили на Америка ќе водат заеднички вежби, тука на Криволак. Очекуваме во текот на оваа година, ова лето да имаме дополнителни американски војници кои се присутни во регионот, да вежбаат заедно со македонските војници“, изјави Шекеринска.

Шекеринска на затворањето на „Летниот кампус 2018“ на Криволак на кој учествуваа 120 питомци од 11 држави рече дека Македонија работела и работи да ги исполни сите критериуми и стандарди и оти АРМ,  Воената академија и Министерството за одбрана прават се да обучат модерна армија, која ќе биде членка на НАТО.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ