
Пендаровски за утре закажа седница на советот за безбедност
За утре претседателот Пендаровски го свика Советот за безбедност. На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат и вицепремиерката за економски прташања Мила Царовска, министерката за финансии, Нина Ангеловска, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска . Поканет е и Министерот за здравство, Венко Филипче а ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски