Пендаровски за „Пресе“: За никого нема да биде добро ако не го добиеме ветениот датум за преговори

Во интервју за австрискиот весник ,,Пресе“, македонскиот претседател, Стево Пендаровски ја предупредува ЕУ дека за никого нема да биде добро ако не го добиеме ветениот датум за преговори.

,,И името на државата го сменивме заради тоа. Тоа не го направила досега ниту една држава“-изјавил Пендаровски за ,,Пресе“.

Пендаровски ѝ укажува на Унијата дека доколу се одложуваат пристапните преговори, ќе изгуби на кредибилитет и веродостојност.

,,Граѓаните не прашуваа зошто мораме да го смениме името на нашата држава. Нашиот одговор беше-за да станеме членка на ЕУ. Испунивме с’ што се бараше од нас досега. Сега граѓаните прашуваат зошто доаѓа до одложување“-изјавил претседателот Пендаровски за австрискиот ,,Пресе“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ