
Пендаровски во Ресен : Заедно напред за нови шаниси за младите, за демократски и европски дом
Во изминативе 30 години во државата се напластија многу проблеми и која генерација македонски политичари доаѓаше, најголемите и најтешките ги ставше под тепих. Во последните две години оваа нова генерација политичари, одлучи по ценат на рејтинг и популарност да ги реши овие проблеми, за да одиме напред, рече вечерва претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски на трибинта во Ресен. Потпишавме договор со Бугарија, направивме историски договор со Грција. Добивме покана за НАТО, а сега очекуваме датум за преговори со ЕУ рече Пендаровски.
На овие претседателски избори се судираат два концепта, со огромен контраст, црно бела слика, рч пендаровски за својот противкандиадат Гордана Силјановска Давкова и додаде дека гласот за неа е глас за трет мандат на Ѓорѓе Ивановв.
Пендаровски пред ресенчани рече дека иселувањето на младите може да се запре само со влез во Европската унија и додаде ако минатата година беше година на евроатлански интеграции, оваа ќе биде година на економијата.
Емилија Мисирлиевски