
Пендаровски: Во редица судски процеси не видовме завршница
Претседателот Стево Пендаровски во своето годишно обраќање пред пратениците, кое е прво по стапувањето на фукцијата, истакна дека Македонија треба да ги надмине политичките, верските и етничките разлики, а јас нема да бидат партиски претседател туку на сите граѓаните.
Законите се носат за да им служат на граѓаните, а нивното постоење е беспредметно ако се неприменливи, порача Пендаровски.
Претседателот се осврна и на последните случувања околу СЈО и случајот „Рекет“ оценувајќи дека малкумина од граѓаните се убедени дека правдата пристигна.
Во редица судски процеси не видовме завршница, некои од најголемите правни случаи застареа на очиглед на сите нас. Креаторот на режимот избега и од правдата и од државата и при тоа ниту една институција не кажа јавно како такво нешто воопшто беше возможно. Врв на лошите состојби беше т.н афера „Рекет“ во која меѓу обвинетите за тешки кривични дела и првата личност на институцијата која беше формирана со една единствена цел, да ги гони криминалците,
рече Пендаровски.
Фактот што по речиси три децении независност нема ниту еден висок политичар или преку ноќ збогатен бизнисмен не заврши за решетки, не зборува добро за отпорноста на нашиот правосуден систем од надворешни влијанија, оцени претседателот.