Пендаровски свика итна лидерска средба за утре по барањето на партиите за одложување на изборите

Откако најголемите политички партии побараа одложување на изборите, претседателот Стево Пендаровски свика итна лидерска средба за утре. Ги повика лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Беса, Алтернатива и Алијансата на Албанците, како и премиерот Оливер Спасовски и спикерот Талат Џафери.

Лидерската средба ја свикав со една точка на дневниот ред – можност за одложување на парламентарните избори закажани на 12 април 2020, напиша на ФБ Пендаровски.

Пртеходно на истото сценарио, одложување избори речиси симулатно повикаа претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, како и претставниците на сите релевантни политички партии. Како ретко кога сите беа едногласни- здравјето е на прво место, а битката со корона е приоритет пред изборите.

На Советот за безбедност, партиските лидери нема да бидат присутни иако сметаат дека воведување на вонредна или кризна состојба на целата државна територија е мерка за поуспешна борба со ширењето на корона вирусот.

Засега лидерите не предвидуваат кога би се одржале евентуалните избори поради многуте неодговорени прашања со пандемијата. За одложување на изборите би требало да се собере и да расправа актуелниот иако распуштен собраниски состав. Останува статус кво за техничката влада, во која покрај владеачките СДСМ и ДУИ, преку министерот Чулев и тројца заменици министри членува и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ