
Пендаровски: Случајот „Рекет“ лакмус за правната држава
Претседателот Пандаровски апелира случајот „Рекет“ да се истражи до крај зошто во спротивно никој нема да не третира како сериозна држава. Побара одговорност за сите инволвирани функционери.
Во обраќањето на регионалниот форум за борба против корупцијата, Пендаровски упати остри критики за судскиот систем.Граѓаните од ден на ден се повеќе ја губат довербата во судовите, правото е сведено на политички инструмент а правдата се повлекува пред моќта на моќните.
Потребно е да се истражат докрај сите криминали на претходната но и на актуелната власт и да не се дозволи застарување на предметите преку т.н скриена амнестија. Високата корупција според Пендаровски е една од најголемите безбедносни закани за земјата.
И претседателката на Транспаренси Интернешнел Слаѓана Тасева укажа на последиците од корупцијата и недостатокот на политичка воња за реформи во судството и носењето закон за јавно обвинителство.
Упатен е повик до граѓаните, да се охрабрат,да не молчат и да ги пријават сите случаи на корупција.
Јулијана Пешевска