
Пендаровски: „Требаше да бидам поблаг“
Во Нови Сад аплауз, дома критика. Изјавата дека и тој би се иселил да не е млад и на функција претседател, Стево Пендаровски ја дал во објаснувањето на младински форум колку е разочаран од недобивањето датум за преговори од европската унија. Се извини но не се предомисли.
И без неговата индиректна сугестија младите веќе ја напуштиле земјата објаснува Пендаровски. Доказ за тоа е почнатиот и прекинат попис во 2011 тата. Причините не се само во евроинтеграциските процеси туку и партизираната држава. Тој до претседател стасал без партиска книшка, но на секој граѓанин му е потребна тврди Пендаровски.
За 10 години земјата ја напуштиле 258.020 жители покажаува последното изтражувањето на канцаларијата на Европската унија во Косово. Освен Македонија зад Албанија се Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора во бројот на граѓани кои си заминуваат. Иако претседателот Пендаровски вината за исселувањето ја посочи и во немањето политики на змејите од Западен Балкан за спречување на овој демографски феномен, статиските покажуваат дека најногу жители во просек, Мкедонија ја напуштила во 2018-та или 33.337.
Павле Беловски