Пендаровски предупредува да се почека конечната оценка на венецијанската комисија

Претседателот на државата Стево Пендаровски предупредува да се почека  конечната оценка на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците па дури потоа да се коментира.

Премиерот Заев смета дека сите препораки од Венецијанската Комисија за Законот за употреба на јазиците ќе се имплементираат и тие мора да бидат почитувани од  сите политички субјекти и ги замоли политичарите да внимаваат на своите настапи а како пример беше наведена  изјавата на Артан Груби дека цената на мирот на еднаквоста и меѓуетничките односи е неспоредлива со симболичната цена на имплементација на еден закон со кој всушност се заокружува Охридскиот договор.

Заев зборува за себе не за мене, реагира Груби.

Во драфт заклучоците беше наведено дека законот ќе го загрози функционирањето на правниот систем, особено во делот на судските постапки и висината на казните. Бараат да се преиспитаат причините поради кои е сменет законот од 2008 година.   

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ