Пендаровски: ,, Нема да се согласам со Закон за координација на безбедносните служби во кој последниот збор го има премиерот,,

Кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски на новинарските прашања во Топ тема , дали со предлог измените на законите за безбедносните служби се одзема надлежноста на Претседателот за сметка на Премиерот вели дека нема да се согласи со Закон за координација на службите во кој последниот збор го има Премиерот.

“Во законот за координација на службите за безбедност можеме да кажеме дека се работи за тргање, односно малку повеќе се става под капата на Владата да оди таа кординација и преку плаштот на координација да биде повеќе Премиерот присутен отколку Претседателот,,

Пендаровски запрашан директно како ќе реагира на вакво евентуално одземање на надлежност на претседателот одговори : “Ако ова биде навистина последна верзија и ако јас бидам Претседател и ако дојде тој указ за потпишување ако оваа верзија остане на крај нема да се согласам со неа.,, Пендаровски на жешко столче одговара на прашањата на Снежана Лупевска Созен и новинарите Маријан Николовски, Билјана Секуловска и Џелал Незири.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ