
Пендаровски на средба со еколошките активисти во Четврток
Аерозагадувањето ќе ги седне на заедничка маса граѓанските организации и преседателот Стево Пендаровски во четврток.
Пендаровски одговори на отвореното писмо од активистите, кои побараа претседателот и армијата повеќе да се вклучат во решавање на проблемот со загадениот воздух.
Тој вети и дека проблемот со загадувањето ќе биде точка на следната седница на Советот за безбедност, за која се уште не се знае кога ќе се оддржи .
Од Скопје Смог Аларм за Телма велат дека ова е голем чекор во борбата против аерозагадувањето .
“Ја поздравуваме поканата за средба и предлогот на претседателот овој голем проблем да биде ставен на агенда на седница на Советот за безбедност. Сметаме дека загадениот воздух треба да третира како прашање од национална безбедност. Очекуваме на средбата ќе можеме да ги кажеме своите предлози за решаваање на аерозагадувањето и која ќе вроди со брзи резултати”, велат од Скопје Смог Аларм
Активистите предложија неколку мерки меѓу кои беше и армијата да дежура на терен.
На тој предлог претседателот преку своето писмо одговори дека Армијата може да помага со други тековни активности.
“Армијата на Република Северна Македонија не може да се вклучи во патроли и дежурства, како што побараа граѓанските организации. Тие ќе придонесуваат за заштита на животната средина преку други активности кои тековно ги работат – од пошумување и расчистување опожарени локации, до чистење речни корита и обуки за грижа за екологијата” – напиша претседателот Пендаровски.
За проблемот со аерозагадувањето претседателот Пендаровски учествуваше на трибина во текот на кампањата.
Теодора Цветковска