Пендаровски: На сите ни е јасно дека има ургентна причина за одложување на изборите

Изборите мора да бидат одложени но мора да се изнајде правно решение кое ќе биде издржано за сите. Седумина експерти се во мојот кабинет и од нив очекувам да подготват барем две три опции а ние утре или задутре ќе мора да пресечеме. Ова е ставот на претседателот Стево Пендаровски кој го соопшти во интервју за „Топ Тема“.

„ Во 16 часот во мојот кабинет почна средбата на 7 истакната експерти.  До моето вегување во студио тие сеуште работат и има прилично дисонантни ставови. Мислам дека ќе подготват барем две три опции кои ние утре или задутре ќе трба да пресечеме“, нагласи Пендаровски.

Претседателот соопшти дека едниот став е дека Собранието по распуштање не може да се собере назад и да заседава ни во случај во војна. Другиот став е пак дека мандатот на пратениците трае до избор на нивните наследници и тие може да се вратат на работа во екстремни ситуации.

„Вонредната состојба е важна и за тоа дали ќе можеме да ги одложиме изборите“, рече Пендаровски.

Според претседателот јасно е дека постои ургентна причина за одлоѓување на изборите и во следните два или три дена мора да се донесат одлуките.

„ Следните неколку дена треба да почне процесот на печатење на гласачкиот материјал. Мислам дека не смее да влегуваме во така ситација ако сите сме свесни дека ќе има одложување на тој процес. Во следните два три дена ќе мора да се донесат одлуките. Јас чекам советите на мојот тим, но на сите ни е јасно дека постои ургенттна причина за одлагање на изборите“, нагласи Пендаровски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ