
Пендаровски на конвенцијата и одговори на Силјаноска со пеење на химната
На конвенцијата во Скопје, кандидатот на СДСМ и ДУИ и одоговори на Силјановска со пеење на химната.
По него говореше, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој рече дека единствениот концепт на власта е НАТО и ЕУ, дека нема друг концепт и дека е подготвен да направи селфи дури и со Мицкоски, под услов да се откаже од политиките на претходникот Никола Груевски.
Земјата, според премиерот, тргна напред и застанување нема зашто тоа е правецот по кој мора, треба и ќе се движиме. Патот беше болен, рече, но друга алтернатива нема.
-Ова се многу важни избори. Нашата земја чекори во вистински правец, поддржана од мнозинството граѓани дома, од целиот свет, од сите наши пријатели. Нема друг прваец. Отворено зборуваме за сите предности и слабости, дека не пости алтернатива за концептот: нашата земја-членка на НАТО, со отворени поглавја во ЕУ, со сериозни рефрми и подгнати економски капацитети. Тоа е иднината на нашата земја. Нема друг концепт и затоа нашите политички опоненти не нудат ништо. Тие се празна слама, ништо не нудат за иднината на својот народ, потенцира Заев.
Нагласи и дека е логично да има левица и десница, разлини идеологии, да има конкурентен натпревар, но меѓу нас, како што додаде, разликите се во векови. – Ние чекориме во 21 век, а нашите опоненти се останти во 19 век, напомена Заев на конвенцијата.