
Пендаровски и Силјановска оптимисти пред вториот круг од изборите
Последен обид на двајцата претседателски кандидати Пендаровски и Силјановска да ги убедат гласачите да им ја дадат подршката на 5-ти Мај. Повикаа на масовна излезност, ја побараа довербата од сите етнички заедници, ветија дека ќе работат чесно.
Стево Пендаровски е убеден дека тој ќе победи на изборите затоа што според него кристално е јасно дека граѓаните се определиле за европска иднина.
И Гордана Силјановска Давкова е оптимист дека таа ќе биде новиот претседател на државата. Таа е шансата за пораз на неправдите и победа на правдата. Да се избориме за сигурност, развој и интегрирана држава, порача Силјановска.
Очекувањето на двајцата претседателски кандидати е изборите да поминат во мирна и демократска атмосфера, онака како што беше во првиот изборен круг.
Јулијана Пешевска