Пендаровски го потпиша указот за Законот за ратификација на Североатланскиот договор

Претседателот Стево Пендаровски денеска во присуство на студенти од Правниот факултет го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.
– На ова чекарвме речиси 30 години, ама се исплатеше. Нека ни е со среќа, рече Пендаровски, посакувајќи во иднина да потпишуваме вакви документи и за членството во Европската унија.

Симболично пенкалото со кое го потпиша указот и го даде на една од студентитките во чие присуство беше потпишан документот.

Законот за ратификација на Североатланскиот договор беше изгласан вчера на свечена седница во Собранието и тој е со одложено дејство, односно ќе стапи во сила откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за нашето членство во НАТО.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ