
Пендаровски е уверен дека Македонија ќе добие покана на самитот на НАТО во Брисел
Утре Македонија ќе добие официјална најава за покана во НАТО на Самитот во Брисел кој ќе се одржи на 11 и 12 јули. Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски вели дека поканата е резултат на реализацијата на три крупни стратешки прашања: потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија, носењето на Законот за јазици и ратификацијата на Договорот за името со Грција.
80% од граѓаните се за влез во Алијансата што не е случај со останите земји аспиранти. Нашата земја покажала завидно ниво на отпорност и жилавост и покрај фактот што два пати се наоѓала на работ. Првиот пат во 2001 година за време на воениот конфликт, вториот инцидентите во Собранието минатата година.
Хрватската Амбасадорка Данијела Баришиќ и заменик минисерот за надворешни работи на БиХ, Јосип Бркиќ порачаа дека Македонија залужила да ја добие поканата за НАТО уште пред една деценија. За разлика од ЕУ, во НАТО нема замор од проширувањето, никој не размислува за Брегзит, а за напуштање не размислуваат ниту Исланд кој нема армија ниту пак Лукесембург со 450 војници.
Јулијана Пешевска