Пелистерските мечки  се одомаќинија  во битолксите села

Пелистерските мечки  се одомаќинија  во битолксите села. Често се случува овие диви животни кои се пренамножени, во  потрага по храна, да се шетаат низ нивите и селските дворови во  населениете места околу Битола. Многумина од жителите   тврдат дека  имале блиска срдба со ова диво животно или пак дека им предизвикале штети.

-Претежно сега во овој период ја има кај каналот горе  ја среќаваме со мало мече. Можат да се видат и стапалки. Кога ќе узреат црешите , слегува долу по храна. Се пресрами сега и ровари, вели Тоде Костовски од потпелистерското село Брусник.

Жителите  се жалат дека мечки им јадат крави, овци,  коњи, влегуваат во овоштарниците, но најчести се поплаките за уништени пчеларници. Пчеларите ги  селат пчелите  на различни локации во Потпелистерието, но, спас од мечките нема. Деновиве на битолчанецото Никола Наумовски мечка му уништи 9 сандаци сместени на само 1 километар од Битола, на патото за Пелистер

-Јас имав во Гопеш, потоа ги однесов пчелите во Нижеполе, сега еве и овде ми напакости. Не знам каде да одам веќе и што да правам, вели Никола Наумовски, пчелар од Битола

За овие предизвикани штети граѓаните  ја тужат државата која  ги обештетува, затоа што мечката е  заштитена  со  закон, а ловот е трајно забранет. Според судската база на одлуки, Основниот суд во Битола  во последните 10 години донел  700 пресуди по тужби за предизвикани штети од мечки. Годинава само  за првите три месеци има триесетина пресуди. За деветте уништени сандаци со пчелни семејства и пчеларот Наумовски ќе ја тужу државата

-Ќе ја тужам нормално и мечаката и државата, си има процедура, ќе тужам, вели Наумовски

Од  ловните здруженија во Битола, велат дека потребно е да се ревидира Законот за ловоство,  затоа што Пелистер е веќе пренаселен со кафеава мечка.  Бараат од  државата да се дозволи контролиран отстрел  организиран од концесинери на ловните терени, затоа што сега  од државната каса се одлеваат милиои евра за надомест  на штети што ги предизвикле мечки.

 

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ