
Пчеларството станува водечка гранка во Пијанец
Пчеларството станува водечки семеен бизнис во Пијанечкиот регион, само во Македонска Каменица за четири години од 30-тина бројот на пчелари се зголемил за сто.
Трета генерација се пренесува љубовта кон пчелите и производството на мед во семејството Николовски. Пчеларот Младен Николовски смета дека за да се има добри приноси потребна е љубов кон пчелите, а приходите, го дополнуваат семејниот буџет.
Пчеларите во Македонска Каменица покрај тоа што имаат поддршка од општината имаат и од иселениците. Медот од овој регион веќе се пробива на пазарот во Италија. Целта им е да бидат препознатливи и да изградат сопствен бренд, а во прилог им оди што Осоговието е прогласено за еколошка зона.
Цената на тегла мед е 400 денари, којашто според пчеларите е солидна.
Но, климатските промени си го земаат својот данок и во пчеларството.
Приносите од 100 килограми мед се минато, сега од едно пчелно семејство имаат од 20 до 40. Едукацијата и обуките што ги имаат пчеларите и искуствата што ги преземаат од соседните земји полесно се справуваат со промените.
Во источниот регион има околу 15.000 пчелни семејства, а од овој регион на пазарот се нудат околу 600 тони мед.
Викторија Јованова