Пазарот на струја треба прво да се развие, па да се либерализира

Интервју со Ина Лазарова, директор на „Проекти“, Бугарски енергетски холдинг,

Дали во Бугарија се случи процесот на либерализација на пазарот на електрична енергија и дали од тоа граѓаните имаа бенефит, или пак, дојде до зголемување на цените на електричната енергија?

Процесот на отворање на пазарот и на либеразлизација течеше долго време, неможеше тоа да се случи наеднаш, бидејќи требаше прво да се развие пазарот, па потоа да се либерализира. Постоеја тешкотии додека пазарот се развие, вие знаете дека во областа на електроенергетиката пазарот е потипичен отколку во областа на природниот гас. Но полека полека се надминуваа тешкотиите, се додека да се стигне до тоа веќе навистина корисниците да можат да ги почувствуваат бенефитите – да можат да избираат добавувачи, да можат да имаат корист од правото на избор на добавувач, и на практика со разновидно балансирано производство. Се создава и електроенергетска берза, и лека полека тие чекори се случуваат, бидејќи требаше од едно затворено стопанство да се изгради пазар, и дури потоа тој постепено да се либерализира. И кога тој процес ќе се изврви, почнува да се чусвтвува позитивниот ефект. Инаку, нема како да либерализираш нешто кога уште нема пазар, тогаш ќе се чувствуваат негастивните ефект. Значи, прво треба да се изгради пазарот, и потоа на тој начин да почне подобро да функционира. Ако го гледаме и пазарот на гас, требаше со изградба на поголема меѓусистемна поврзаност, да создадеме подобри инфраструктурни претпоставки, за пазарот да почне подобро да функционира, бидејќи склучувањето на договори и пазарните можности се подобруваат кога меѓусистемната поврзаност е подобра.

Какви се вашите предвидувања, дали може да дојде до зголемување на цената на струјата во наредниот период, дали може да се случат таканаречените ценовни шокови?

Шоковно зголемување не се очекува, бидејќи сепак има и регулација, претпријатијата се лицензенти, а регулаторот сепак балансира таму каде што уште не може да има слободни цени, тие се уште се регулирани, така што може да нема такви шоковни зголемувања и негативни последици за корисниците.

Се заговара формирање на единствен регионален пазар, дали сте оптимисти дека тоа може да се случи?

Да, да, за тоа стана збор и на конференцијата, етапно да оди и стремежот е да се заврши до крајот на 2020 година, така што да може овој процес да го исползуваат корисниците, и тоа од подобри цени и подобри услови и можности за снабдување.

Американскиот амбасадор на конференцијата рече дека земјите од Балканот треба да ја намалат зависноста само од рускиот гас. Како вие ќе го решите тој проблем?

Како што гледам приоритетите се слични и кај вас и кај нас. Се подготвуваме да ја доразвиеме изградбата на повеќе меѓусистемни врски. Специјално во нашиот холдинг има проект за диверзификација, кој е за меѓусистемска врска меѓу Грција и Бугарија, која очекуваме да се искористи за преносот на гасот од Јужниот гасен коридор, од втора фаза, да ја подобри диверзификацијата на изворите на снабдување, како и на маршрутите.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ