Павле Богоевски си поднесе оставка

Говорот на Богоевски ги збуни членовите на Комисјата за мандатно имунитетни и деловнички прашања. Оставката ја соопшти од говорница а ќе се ефектуира по гласањето во Парламентот за одземање на мандатот на Никола Груевски. Богоевски ги образложи моралните причини поради кои си заминува. Вели дека не може пратеник кој ги крши правилата да остане да ја врши функцијата. ниту пак сака да влијае на правосудните органи околу расчистувањето на случајот со набавка на наркотична супстанца.

На заминување упати порака до сите пратеници.

Пред  да се соопшти оставката, ВМРО-ДПМНЕ побара дневниот ред на седницата да се дополни и да се расправа за одговорноста на Боговески за кршење на етичкиот кодекс за однесување на пратениците.

Седницата на комисијата на која требаше да се донесе одлука за одземање на мандатот на Никола Груевски поради шестмесечно отсуство од работата на законодавниот дом беше прекината. Се очекува да продолжи идната недела а ќе ја води заменичката на Богоевски, Снежана Калеска Ванчева.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ