
Пациентките чии бебиња починале на Гинекологија биле со високоризична бременост
Сите три пациентки чии бебиња починале на Клиниката за гинекологија и акушерство биле со високоризична бременост. Сепак стручен тим со експертиза ќе покаже кои се причините, бидејќи во време на пандемија на Ковид 19, вирус со многу непознати и стравувањата кај трудниците се оправдани, вели директорката на ГАК Јовановска.
Мислиме дека еден дел од причините се дека е мултифакторијално, психичката состојба на трудниците која и така во нормални услови имаме варијабли во однесувањето на бремените жени. Тие се многу поранливи емоционално, а сега во услови на Ковид инфекција станува збор за прекумерна грижа на овие мајки бидејќи одговараат и за сопствениот живот и за животот на нивните деца, вечо доц др Викторија Јовановска, директор на клиниката за гинекологија и акушерство.
Во изминатава недела починале пет предвремено родени бебиња, со екстремно мала родилна тежина и со екстремна незрелост.
Целокупната документација покажува дека е направено навистина се, вели д-р Софијанова.
Направено е се, дадено е се. Сметам дека на сите овие предвремено родени како и во светот така и кај нас е очекуван егзитус. И не сметам дека тука треба да паничиме, но порака до мајките да се чуваат бидејќи не знаат што се во лет можат да добијат и асимптоматски облици на разни инфекции, тука вклучувам и вирусни и бактериски кои можат сепак негативно да се одразат. Честа посета на гинеколог, комуникација со гинеколог со неонатологот со педијатарот. Тоа малку би ги ослободило. И сепак им ги честитам сите верски празници кои доаѓаат и нека седат дома, тоа е најдобриот лек за се, тврди професор др Аспазија Софијанова.
За психолошка поддршка на трудниците и родилките Клиниката за гинекологија и акушерство ја отвори и телефонската линија на која може се советуваат имајќи ја предвид вонредната состојба во земјава поради Ковид 19.
Нина Стефанова