
Пациентите болни од рак преку неформални групи на социјалните мрежи се борат за своите права
Македонка Давчева од Велес е онколошки пациент и член на неформалната група на фејсбук “Љубов сме”, каде што деновиве тие адресираа повеќе барања до неколкуте министерства со цел да им се помогне во секојдневните проблеми со кои се соочуваат овие пациенти. Дел од проблемите кои тие ги нагласуваат се патните трошоците на пациентите кои одат на хемотерапија, отсуството на онколог во комисиите кои одредуваат инвалдиност, односот на приватните компании кон пациентите болни од рак, како и други проблеми со кои тие секојдневно се соочуваат.
Македонка денеска, како претставник на оваа нефорнмална група, остварила средба со министерката за труд и социјала Царовска и со министерот за здравство Филипче, каде што ги посочила проблемите и барањата на пациентите заболени од рак, кои ги објавиле претходно на социјалните мрежи. Од средбата добила уверување и ветување дека сериозно ќе бидат разгледани нивните барања. Министерката Царовска претходно за Телма истакна дека важен е партнерскиот однос со сите чинители во решавањето на вие проблеми, вклучително и ваквите неформални групи.
Според последните податоци, во Македонија годишно се откриваат 1.200 нови случаи на рак на дојка, кое е и најчесто малигно заболување кај жените.
Јордан Дуков