
Пациент во Бардовци починал откако паднал по скали, неговиот брат се сомнева дека бил претепан до смрт
Пад по скали во психијатриската болница Бардоци, бил фатален за 58 годишниот Владо Ристески. Тој бил 20 години пациент во болницата сместен во второто машко одделение.
Тоа кобно априлско утро, неговиот брат Слободан Ристески , добива повик дека Владо е тешко повреден и со Брза помош пренесен во градската општа болница 8ми септември.
Но Слободан се сомнева дека неговиот брат не паднал сам туку тешките повреди на главата ги добил бидејќи бил претепан .
Од психијатриската болница Бардовци тврдат дека Ристевски не бил нападнат туку паднал сам по скалите. Испрашан е медицинскиот персонал кој бил на смена во моментот на несреќата и сведоци. Извештајот заедно со останата потребна документација е однесен во полиција и до болницата 8ми септември во кој бил однесен на понатамошно лекување.
Овде на ургентното оделение во болницата 8-ми септември , во кома со сериозни повреди на главата веднаш бил ставен на апарати за дишење. По неколку дена постојан лекарски надзор, конторзии и терапија на 24 април ја губи битката за живот. Обдукција по смртта, според тврдењата на братот на починатиот не е направена. Тоа не го побарала според него болницата осми септември.
Но Законот за медицинска заштита е јасен. Во него стои дека секое лице кое починало во здравствена установа подлежи на патоанатомска обдукција.
Од Болницата 8ми септември , до која испративме писмено барање дали е направена обдукција, одговор се уште нема. Без обдукција семејството на починатиот има основа за сомнеж па затоа смртта на Владо ја пријавиле и во полиција. Спорерд нив пријавата се уште стои во фиока.
Теодора Цветковска