Патот Приштина-Скопје преку Качаник ќе биде пуштен на 1 јуни

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска информира дека патот Приштина-Скопје, на потегот меѓу Качаник и Генерал Јанковиќ, ќе биде пуштен во промет најверојатно на 1 јуни.

На конференција за медиуми по денешната владина седница, Харадинај изјави дека според информацијата што ја добил од министерот за инфраструктура Паљ Лекај, работите на овој пат ќе завршат до 1 јуни, бидејќи се работи во две смени.

Овој пат беше затворен на 8 мај со цел да се решат проблемите со местата каде што често има одрони, а првично се најавуваше дека работите ќе траат еден месец.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ