Патот преку Јажинце да не биде единствено решение

Институциите забрзано работат на изнаоѓање нови алтернативни решенија за да не дојде до блокада на стоковата размена со Косово.Свлечиштето што се појави на патот во близина на границата од Косовската страна го отежнува и патничкиот и товарниот сообраќај меѓу двете земји но ситуацијата може дополнително да се влоши во претстојната туристичка сезона или ако се расипе некој од камионите што возат преку преминот Јажинце

„На Јажинце Урошевац се вози отежнато, патот е лош, мора внимателно да се користи а ќе има проблем со туристите кои ќе патуваат кон Црна Гора и Албанија.Кога овој пат би бил во застој од дефект на некој камион ќе има застој и во транспортот“, вели Владимир Пивоваров национален координатор за гранично управување

Иако и транспортниот и патничкиот сообраќај во моментов се одвидваат без поголем застој,патувањето е трипати подолго поради широчината на патот. Во иднина мора стратешки да се размислува и планира за да се минимизираат препреките кои можат негативно да влијаат на трговската размена со Косово,затоа  вели Пивоваров се размислува за оспособување на преминот Белановце Станшиќ

„Се работи за регионален пат со мала носивост на камиони но може да се користи.Се бараат сите можни решенија за овој правец да се стави во функција за да не се доведеме во ситуација со блокада на извозот.“, вели Пивоваров.

Важноста на патниот правец Блаце ја потврдуваат и бројките, лани поминале 2,7 милиони возила а трговската размена надминува 200 милиони евра.Само во текот на вчерашниот ден преку граничниот премин Јажинце во македонија влегле 99 камиони.

Виолета З. Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ