
Патот до афтокефална македонска црква оди преку Украина?
Вселенската патријаршија наскоро треба да донесе одлука за решавање на афтокефалниот статус на МПЦ-ОА.
Прва до афтокефалност најверојатно ќе стигне украинската црква. Токму затоа противењето на Русија и Србија повеќе ќе нема тежина врз вселенскиот патријарх Вартоломеј. Согласно вековните начела Цариградската патријаршија како Мајка Црква има право да доделува автокефалии.
Неодамна во Истанбул имаше тензична средба меѓу рускиот патријарх Кирил и Вартоломеј со обид да се спречи томосот за украинската и македонската црква. Сепак, на Соборот на Вселенската патријаршија ќе се донесе одлука дека за доделување автокефална статус не е потребна согласност од останатите помесни цркви.
Црковното прашање не може да се издвои од актуелната политика и неизвесност околу договорот со Грција. Признавањето на црквата во православието значи и признавање на нацијата и државата.
МПЦ има целосно право на автокефалност бидејќи функционира на територија на независна Македонија и го обединува православниот македонски народ со векови.
Христијан Станоевиќ