
Патниот правец Брвеница – Радиовце зеде уште една жртва
Регионалниот патен правец Брвеница – Радиовце зеде уште една жртва. 61 годишен велисипедист од Долно Седларце почина, откако на него налетал автомобил БМВ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 22 годишен тетовец.
Жителите на Брвеница велат дека на овој патен правец се вози пребрзо. Често се случуваат сообраќајки со жртви. Бараат да се постават легнати полицајци, и да има зачестена сообраќајна контрола.
Дел од нив сметаа декa сообраќајките се случуваат и поради инфраструктурни сообраќајни недостатоци на патот.
Градоначалникот на Општина Брвеница Енвер Пајазити, вели дека патот делумно е обезбеден. Играден е нов тротоар долж коловозот, а пролетва се планира патниот правец да се прошири, со што би се намалик ризикот од сообраќајни незгоди.
И тој смета дека најголем проблем е пребрзото возење, што може да се спречи само со поголема контрола од сообраќајната полиција, и поголеми казни за возачите.
Од полицијата ја отфрлаат можноста за поставувањето на легнати полицајци. Како што наведуваат оттаму, законот не дозволува вакви сообраќајни решенија на регионален патен правец. Велат дека полициски службеници го контролираат зачестено патот, но попладнево нашата екипа не забележа полициски екипи на оваа собраќајница, која годинава ја зеде првата жртва.
Зоран Димовски