Патникот од Дубаи е негативен на коронавирусот

Патникот кој пристигнал од Дубаи пред шест дена, и кој е хоспитализиран на Инфективната клиника со симптоми на грип, е негативен на коронавирусот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, попладнево на прес конференција. Патникот е заболен од инфлуенца Б, додава министерот.

Тој допатувал пред неколку дена во земјава по шестдневен престој во Дубаи. Имал симптоми слични на грип. Направени беа тестовите и кон ова лице се постапувало со целото внимание како за сомнителен случај заболен од коронавирус.
Од Министерството за здравство апелираа сите кои доаѓаат од критичните региони да се придржуваат до препораките во упатството и доколку почувствуваат некои од симптомите да не се шетаат низ здравствените установи, туку да се јават на телефоните за Институтот за јавно здравје. Од Министерството потенцираа дека здравствениот систем е подготвен и оти располага со доволен број на кревети, маски, мантили и скафандери.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ