Македонија Партиското раководство на СДСМ го очекува пристигнувањето на Заев- тој претпладнето го поминал во консултации во владата на неколку нивоа
Највисокото партиско раководство на СДСМ во моментов заседава и го очекува пристигнувањето на премиерот Зоран Заев.
Заев претпладнето го поминал во консултации во владата на неколку нивоа.
Како што доцна синоќа објави Телма, тој заедно со делегацијата се вратил од Брисел, без да ја дочека конечната одлука од самитот на ЕУ лидерите.
Во меѓувреме, од ВМРО ДПМНЕ, по негативните сигнали од Брисел за добивање датум за преговори, најавуваат рекација за половина час.
Претседателот Стево Пендаровски има намера да свика лидерска средба по враќањето на македонската делегација од Брисел.
Средбата би се доржала најверојатно за време на викендот.
Од кабинетот на претседателот за Телма велат дека официјално ќе соопштат дали и кога би се одржала средбата по прес конференцијата по завршувањето на самитот на Европскиот совет во Брисел.



