Партиски вработувања и предмети во фиоки – нови обвинувања од опозициските функционери во Владата

Илјадиници партиски вработувања и илјадиници предмети чувани во фиоки, ова се новите обвинувања кои денеска ги соопштија опозициските функционери во техничката Владата, дополнителниот заменик во министерството во информатичко општество Невенка Стаменковска и министерката за труд и соцвијала Рашела Мизрахи.

Спооред Стаменковска, досегашниот увид покажале дека во последните два месеци биле распишани 4.100 огласи за вработување во администрацијата и за повеќето платата била над 40 илјади денари.

Во труд и социјала пак, министерката Мизрахи соопшти дека имаат сознанија за 8.500 предмети за нега на трето лицекои се заглавени во процедура или пак се чувале во фиока. Таа најави дека ќе формира комисија да ги испита овие наводи.

На прашањето на телевизија Телма, дали во стоте дена ќе се бави исклучиво со ревизии и контроли на работењето на претходникот, таа најави дека плановите за тоа што ќе работи министерството ќе ги соопшти наскоро.

Од СДСМ ги отфрлија тврдењата на министерката Мизрахи и ги оценија како целосна невистина. Оттаму додадоа дека се загрижени од непознавањето на системот на социјална заштита на новата техничка министерка и фактот дека министерството немало надлежност над работењето на комисијата која одлучувала за предметите. Околу обвинувањата за партиски вработувања соопштија дека постпаките биле транспарентни и притоа се почитувале законските процедури а кандидатите биле вработувани исклучиво по усвоени годишни планови за вработување.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ