
Партиска пародија со можниот наследник на Катица Јанева?
Рускоска, Панчевски или некој сосема трет на чело на новото обвинителство што треба да го замени СЈО? Лицитирањето со имињата на можниот наследник на Катица Јанева, повторно го заглави Законот за јавно обвинителство.Вмешаните актери и самите не се сигурни дали политичарите ги предлагаат сериозно или сето ова е само пародија за јавност?
Ова го напиша разрешениот судија, Владимир Панчевски на фејсбук, откако претседателот на ВМРО ДПМНЕ предложи, токму тој да го води новото обвинителство. Театарот продолжи и денеска.
ДУИ, пак, инсистираат, на чело на обвинителството да застане Албанец.
Алијанса за Албанците имаат компромисно решение-ЕУ да ни прати обвинител странец.
Но, засега е европско само знаменцето со кое е испратен законот во собраниска процедура, со цел да се донесе со скратени рокови.
Собранискиот спикер чека партиите да се договорат и да постигнат двотретинско мнозинство, за да го стави на седница.
Далиборка Демјанска Цветановска