
Партиска организација за крвавиот четврток, водена од Никола Груевски
Екс претседателот на ВМРО ДПМНЕ повторно на врвот на организацијата, овој пат за крвавиот четврток. Според обвинителството тој во својство на претседател повикал на масовни протести, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски го регрутирале членството пред да се случи 27 ми април. Каква точно била улогата на екс претседавачот Трајко Вељановски за сега обвинителството не открива. Обвинителката Вилма Русковска вели дека освен сведочења има и докази. Пи мерки не користеле, но се вештачени мобилните телефони на осомничените. Не се повикани на распит оти такви биле проценките.
И за организаторите како и за извршителите обвинителството се одлучи за Терористичко загрозување на уставниот поредок. Ова дело му се става на товар и на од пред неколку месеци притворениот Владимир Атанасовски, екс директор на убк. Сега заедно со него е осомничен е и поранешниот началник во петтата управа Никола Бошковски кој е во бегство во грција. За него и за Груевски кој е избеган во Унгарија, сега обвинителството ке ги обнови барањата за екстрадиција.
- Ниту сум организирал, ниту сум дал согласност некој да организира насилен упад во Парламентот и физичка пресметка со пратеници. Ги повикувам од ОЈО да ги објават јавно доказите против мене.Да ги видиме матерјалните докази или какви и да има докази, па макар и некој лажен, нерелевантен или уценет сведок или загрозен осомничен или обвинет во некој случај. Ајде, не купувајте време, не се вадете на флоскули од типот ,,истрагата е во тек,, или ,,од истрагата ќе произлезе…,, или ,,истрагата е тајна…,, и слични празни флоскули, стои во ФБ статусот на Никола Груевски – осомничен.
Одлуката за барање за притвор за Вељановски е одложена поради имунитетот кој го има како пратеник. Од нокеска пак Јанакиевски и Ристовски се во Шутка. Адвокатите најавија жалба, особено за Јанакиевски бидејки во друг случај кој го води СЈО тој имаше мерка но домашен притвор.
Во дел од сведочењата на судењето за крвавиот четврток беа спомнати и други имиња, меѓу кои Сашо Мијалков, Билјана Бришковска, Горан Грујовски и Борис Јосифовски. Обвивнителството не ја исклучи можноста да се прошири истрагата, но сепак само ако има докази а не само сведочења.
Билјана Николовска