Партиска фамилијаризација на државните плати

Непотизмот и фамилијаризацијата на државните работни места и натаму ги тресат партиите и се главна активност и на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Од власта бараат роднините на опозицискиот врв да ги напуштат позициите на кои се вработение во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се бара од семејството на Христијан Мицкоски и од семејството на Антонио Милошоски- кои се вработувани во времето на поранешната власт.

ВМРО-ДПМНЕ не ги коментира барањата на СДСМ туку продолжува да открива чии роднини се вработени во државно. Пратениците Сашко Атанасов и Татјана Лалчевски беа на денешниот распоред на опозицијата.

Отказите кои ги даваат откриените роднини на функционери на СДСМ вработени во државно, за опозицијата се селективни и продаваат лажен морал. Досега некои роднини се повлекоа од државната администрација, некои не- додека претставници на ВМРО-ДПМНЕ вработени во државно кога тие биле на власт, засега остануваат на своите работни места иако СДСМ почна да ги прозива и нив.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ