Партиите во предизборна кампања, реформските закони на почек?!

Едните се ребрендираа, другите формираа тим од стратешки соработници. Тргнаа низ македонските градови и села, СДСМ со изговор дека им објаснуваат на граѓаните дека се „На прав пат“, а ВМРО-ДПМНЕ, дека почнуваат „Разговори за обнова на Македонија“.

За експертите, сето ова мириса на избори и на немање на долгорочна стратегија. Во клучните моменти, пред одлуката за датум за преговори со ЕУ, тие наместо со главните, се занимаваат со споредни работи.

Дел од нив, пак, сметаат дека ова е сосема очекувано однесување.

За Ружин е разбирливо и анимирањето на гласачкото тело, затоа што, и покрај резултатите на владејачката партија на меѓународен план, еден дел од членството се лутат затоа што не го добиле тоа што го очекувале, а од друга страна и опозицијата ги вклучува сите свои капацитети за оцрнување со мали и големи афери. И власта и опозицијата, вели, сакаат да го свртат моментот во своја корист. Надежно, според него, е појавувањето на млади, прогресивни кадри во двете партии, кои ветуваат зголемено ниво на демократија во државата.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ