
Партиите не веруваат дека превирањата во ИВЗ ќе влијаат на цензусот
Случувањата во ИВЗ нема да се одразат на цензусот во вториот изборен изборен круг, оценуваат политичките партии.
Се надеваат на поголем цензус од првиот изборен круг и масовна излезност на 5 мај.
За превирањата во ИВЗ информирана е и мисијата на ОБСЕ во Скопје. Бујар Османи му пренел на Клеменс Која дека очекува од сите институции да преземат активности со кои ќе ја заштитат независноста на ИВЗ посочувајќи дека ваквите инциденти негативно може да влијаат на меѓуетничките односи.
Со реакција се јави и Демократската партија на турците.
Ги повикаа сите претставници на муслиманите да се однесуваат крајно внимателно и одговорно при носењето одлуки во процесот на функционирањето на институцијата.
Јулијана Пешевска