Партиите на чекор до договор за избори

Разликата од три месеци во посакуваните термини за избори, партиските лидери ја сведоа на 10 до 15 дена. Последната понуда од СДСМ е 5 јули, додека ВМРО ДПМНЕ се за десетина дена подоцна. Деновиве тие имаат интензивна видео комуникација, а  во преговорите е вклучен и Али Ахмети. Лидерска средба најверојатно нема да има.

Техничкиот премиер денеска изјави дека, нема компромис со Уставот и законите и дека избори мора да има 22 дена по завршувањето на вонредната состојба.Но, најави можност таа да биде продолжена.

Од ДУИ се надеваат дека 5 јули ќе биде компромисното решение.

ВМРО ДПМНЕ, пак, не сакаат да зборуваат за конкретен датум.

Рокот за договор за датум истекува во сабота, кога завршува и вонредната состојба. Од кабинетот на претседателот Пендаровски најавија дека, Советот за безбедност ќе се состане во сабота напладне и ќе одлучи дали ќе има продолжување на вонредната состојба.

Доколку партиите се усогласат за изборниот датум, се најавува дека, претседателот на Собранието ќе ја измени и дополни одлуката за распишување на изборите од 12 април со новиот датум и со тоа ќе почнат да течат изборните рокови.

Далиборка Демјанска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ