Партиите ја заоструваат предизборната реторика

Повеќе детали околу мерките за заштита  и  потребните заштитни материјали за спроведување на изборите побарале членовите на ДИК од Комисијата за заразни болести. На кусата средба што се одржала денеска, членовите на двете комисии разговарале за усогласување на процедурите, по што на ДИК им е ветено дека ќе добијат одговор во најкраток можен рок. Согласно владината уредба, Државната изборна комисија  периодов нема право да носи одлуки и да држи јавни седници, но службите работат на техничките подготовки за евентуалните избори и покрај тоа што партиите никако да се усогласат околу датумот. СДСМ инсистираат на избори на 21 јуни, ВМРО ДПМНЕ се за крајот на август или почетокот на септември. Партиските портпароли  денеска ја заострија реториката.

Денеска и техничкиот премиер на фејсбук напиша дека избори треба да има веднаш по завршувањето на вонредната состојба, особено откако свои извештаи пред последната лидерска средба доставија Комисијата за заразни болести, ДИК и ОБСЕ/ ОДИХР.

Лидерите на политичките партии досега одржаа две лидерски средби, но се` уште нема договор за датум за избори.

Далиборка Демјанска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ