
Партиите ги примија пораките на Столтенберг
Доминантните партии во Собранието ги оценија средбите и пораките на Столтенберг како конструктивни, содржајни и значајни. Владеачката СДСМ оценува дека Генералниот секретар на НАТО ги препознал и поздравил реформските процеси во земјата и побарал вклучување на сите политички фактори, меѓу кои и на опозицијата.
ВМРО ДПМНЕ му посочила на Столтенберг дека нема демократски амбиент за нивно враќање во Собранието бидејќи се случува жесток прогон на политичките неистомисленици.
Ахмети се заблагодарил за улогата а НАТО во зачувувањето на територијалната целост на земјата пред 17 години.
Во врска со разговорите околу спорот со името и изјавата на нашиот преговарач Васко Наумовски, Ѓорчев вели дека е загрижувачка, а Ахмети дека е дадена без консултации.
Генералниот секретар Столтенберг во Собранието имаше средба со претседателот Џафери и со координаторите на пратеничките групи. Потоа, сите заедно го ислушаа неговото излагање во пленарната сала. Покрај големиот број гости и дипломати, присуствуваше и целата опозиција.
Соња Николовска