Партиите бараат ресорни министерства за влез во владата

Никој не сака „министерство за носење бурек“, сите бараат ресорни министерства. Биљал Касами од БЕСА, кој деновиве интензивно преговара со премиерот за влез во владата, побарал од премиерот да му додели конкретен ресор со кој ќе управува некој од неговата партија.

Зендели се надева дека ќе се помират со другото крило на БЕСА, предводено од Африм Гаши и дека заедно ќе влезат во владата. Гаши, пак, вчера ја демантираше информацијата што проструи во јавноста дека е договорено токму тој да застане на чело на Министерството за образование. Тврди дека се уште не стигнале да преговараат за конкретни ресори.

Премиерот, вчера изјави дека понудите до двете крила на БЕСА и до ДПА се испратени и дека очекува деновиве да се финализира договорот за проширување на владејачкото мнозинство. Доколку влезат сите три партии во владата, мнозинството ќе добие седум пратеници плус.

Далиборка Дамјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ