
Парламентот незаинтересиран за граѓански иницијативи
Собранието е конзервативна структура во која нема многу разбирање за предлозите на граѓанскиот сектор. Тоа е главната причина, велат аналитичарите, што вака предложените закони може да се избројат со прстите од една рака. Поранешниот пратеник Гордан Георгиев смета дека главниот проблем е узурпацијата на пропорционалниот изборен модел, мајоризацијата на парламентарното мнозинство во стилот „победникот зема се“ и потчинетоста на пратениците кон Извршната власт. Во таков превртен модел, нема проодност ниту за предлозите и амандманите на опозицијата ниту за граѓаните.
Фондацијата Вестминстер, која им помага на десетина здруженија во подготовката на квалитетни закони, смета дека главен проблем е што нашиот Парламент ја изгубил претставничката улога.
Актуелниот пратеник и граѓански активист Павле Богоевски вели дека ситуацијата се менува на подобро.
Невладините овој процес го нарекуваат „Маратон со пречки“. Се надеваат дека овој собраниски состав ќе има повеќе слух за предлог законите што се однесуваат на пациентите со ретки болести, на социјална инклузија на лицата со попреченост, на дискриминацијата или на говорот на омраза во медиумите.
Соња Николовска