Парламентарната контрола над прислушувањето повторно блокирана

По долги работни средби, се договорија, го изгласаа со двотретинско мнозинство во прво читање,  за денеска повторно да се скараат за законот за следење на комуникациите. ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата на Комисијата за одбрана, откако СДСМ поднесоа амандмани, со кои бараат двостепен надзор над прислушувањето. За опозицијата е лицемерно, граѓанскиот совет, кој има буџет од 9 милиони денари и плати од 50 илјади денари, да биде само препраќач на поплаките на граѓаните.

Од СДСМ велат дека тие само сакаат контролата да биде засилена.

Опозицијата најави дека во ваква форма нема да го гласа законот, со што, парламентарниот надзор над службите, кои прислушуваат, останува блокиран. 

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ