(видео) Париз испратил „нон пејпер“ до ЕУ за менувањето на методологијата за проширување

До земјите членки на ЕУ, Париз испратил „нон пејпер“ за менувањето на методологијата за проширување на унијата и очекува до март, со евентуални забелешки, да биде усвоен. Македонија не прифаќа никаква друга алтернатива освен да биде полноправна членка на ЕУ, изјави претседателот Стево Пендаровски по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон.

Пендаровски на својот ФБ профил напиша дека со Макрон имал одличен и динамичен разговор.

„Средбата беше можност да ја потврдам нашата заложба за европска интеграција и да го информирам претседателот Макрон дека ние немаме резерва за изменета методологија за водење на претпристапните преговори со ЕУ со цел продлабочување на процесот. Претседателот Макрон најави посета на Северна Македонија во првата половина на 2020„. 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ