Папата Франциск од Скопје со порака дека луѓето се гладни за братство

Братство, во кое нема индиферентност и клеветење, а ќе има надеж, сочуство и љубов, е она што им е потребно на луѓето е пораката која поглаварот на римокатоличката црква папата Франциск ја испрати од светата литургија од плоштадот Македонија која  ја следеа неколку илјади верници и граѓани.

„Гладни сме, Господи, за братство каде индиферентноста, дискредитирањето, клеветењето нема да ги наполнат нашите маси и нема да го заземат првото место во нашиот дом“ , порача Папата Франциск, поглавар на Римокатоличката црква.

По читањето на делови од евангелијата и по молитвите за светата причест, Папата Франциск ги упати пораките од беседата во која порача дека вербата е предизвик за просечноста на човековите очекувања и површноста на интелуктаизмот, ги прави дискутабилни гледиштата и несигурноста на луѓето. Папата Франциск гладта за леб на луѓето рече дека е второ име за глад за бог, глад за братство, за средби.

„Навикнати сме да го јадеме тврдиот леб на дезинформацијата и завршивме како затвореници на дискредитацијата на етикетите и презирот. Верувавме дека конформизмот ќе ја намали нашата жед и завршивме напоени со рамнодушност и бесчуствителност. Се нахранивме со раскошни и големи соништа и завршивме со јадење одвратност, затвореност и осаменост. Се заситивме со поврзување и го загубивме вкусот на братството“, рече Папата Франциск.

Притоа тој повика на градење на пријателство, пожртвуваност за блиските.

„Да се прекршуваме и да се поделиме заедно со него и да учествуваме заедно во чудото на умножителот кој сака да стигне и да допре до секој агол од овој град, од оваа земја, од оваа земја со малку нежност и сочувство“, рече Папата Франциск.

Папата миста ја служеше придружуван од кардинали и бискупи од Ватикан, како и од свештениците на Скопската Бискупија. Во беседата тој ја спомена и Мајка Тереза велејќи дека таа многу добро ја познавала гладта за леб, братсво и бог. Папата Франциск беседата ја заврши со порака дека единствено нешто може да ја засити таа глад е љубовта кон блиските.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ