
Папата Франциск во мај наредната година ќе ја посети Македонија
Папата Франциск во мај наредната година ќе ја посети Македонија, објавија италијанските медиуми повикувајќи се на извори од Ватикан.
Во првата недела од мај во рамки на турнејата 2019 година Папата ќе ги посети и Романија и Бугарија.
При чествувањата на сесловенските проветители Свети Кирил и Методиј, македонските делегации при посетата на Ватикан на празникот 24 Мај, редовно упатуваа пораки до Папата за да ја посети Македонија. Но поради набиената агенда досега тој ја немаше прифатено поканата.
Ако оваа посета се оствари, папата Франциско ќе биде првиот Папа што ја посетил Македонија.